Руен И.Т. води грижа за луѓето со посебни потреби (со хендикеп). Ова е пракса уште од 1979 год.кога првата група на луѓе со хендикеп започна да работи во Руен. Денес во одделот има вработено околу 50 луѓе кои работат заедно со друга група на вработени. Компанијата овозможува соодветна работна средина за овие луѓе, со респект кон нивниот хендикеп, според пропишаните норми од страна на Заедницата за заштита на лица со посебни потреби "ЗАПОВИМ" - Скопје, Македонија.
Руен И.Т. ги поддржува културните манифестации во градот Кочани. Компанијата го спонзорира фолклорното културно-уметничко друштво "Руен" создадено од нејзина страна пред 20 години. Денес оваа фолклорна група брои 150 членови, момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 18 години. КУД "Руен" зема учество на локалните, регионалните и меѓународните манифестации и натпревари, претставувајќи вистински амбасадор на нашата компанија. |
Руен И.Т. промовира безбедна и здрава работна средина. Повреда или отсуство поради болест се надоместува од страна на компанијата. Вработените се дел од позитивната работна околина, без никаква дискриминација во однос на месечните приходи, обука или квалификациони програми, унапредување во работата, и трансфери поради различно место на раѓање, наследство, погледи кон животот, семеен статус, националност, раса, религиозна припадност, физички изглед, посебни потреби или членство во некоја етничка група.
Руен И.Т. вистински се залага за заштита на околината. Со секоја изведена активност, компанијата се стреми кон намалување на потрошувачката на суровини и енергија и намалување на отпадот за време на производниот процес. Сите активности кои носат и најмал ризик за загрозување на човековото здравје или околина се забранети.
Руен И.Т. се однесува одговорно кон локалниот развој. Учествува исто така во реализацијата на проектот "Слободна Економска Зона" во Кочани и активно е вклучен во предлогот за нов развој поврзан со овој проект. Реализацијата на овој проект ќе донесе Европски инвеститори со проекти за развој на производство на резервни делови во автомобилската индустрија. Руен И.Т. одржува постојан контакт со локалните власти и компании: Градоначалникот на Кочани, техничкото училиште "Гошо Викентиев" и секогаш кога е возможно избира локални добавувачи се со цел да се поддржи локалниот развој.
|