Индустриските погони на Руен И.Т. се лоцирани во Кочани, град од средна големина во Република Македонија, близу до Бугарскиот граничен премин.
Руен И.Т. има многу добра географска местоположба. Тоа е единствената компанија на територијата на Балканот што произведува ваков вид на производи. Светски познатите автомобилски компании го придвижуваат своето производство кон новите огромни пазари како Русија, Турција и Северна Африка кои се отворени за нови предизвици. Руен И.Т. лежи во срцето на оваа ново создадена индустриска зона.
Оваа централна локација, во Југо-Источна Европа, овозможува брза камионска испорака до сите поранешни Ју-републики, потоа Грција, Бугарија, Романија, Турција како и до Западна Европа. За поморски транспорт на своите производи до Средниот Исток и Африка, компанијата го користи Солунското пристаниште во Грција, оддалечено 250 километри од Кочани.
|