Во 2004 година, Руен беше трансформиран во 100% приватна компанија, Западно-Европски капитал и Француско-Македонски менаџмент. Со постоечкиот светски познат бренд и цврстите индустриски основи, имплементација на нов начин на менаџмент и ефективни продажни и маркетинг стратегии, со новиот сопственик започна и новиот живот на компанијата со новото име RUEN INTERNATIONAL TECHNOLOGIES. Новото руво на компанијата, новиот дизајн на логото како и пакувањето на производите, покажуваат сосема нова слика за оваа успешна компанија. |
За период од само 18 месеци, Руен И.Т. е комплетно променет: целосна индустриска реорганизација, нови инвестиции и нови оддели. Мултидисциплинарните тимови, брзите и радикални промени особено во секторот за Набавка, Продажба и Развој на квалитетот, ја подобруваат стратешката важност на Руен И.Т.
Во 2005 год. компанијата главно се фокусираше на реорганизација на производството кое и овозможи да постигне највисоко ниво на продуктивност и да им понуди на своите купувачи Квалитет, Конкурентни цени и Флексибилност во поглед на испораките.
Континуираниот развој и иновациите ја одбележуваат тековната 2006 година. По индустриската реорганизација и обновата на меѓународниот сертификат за квалитет ISO од 2005, дојде време за имплементација на нова ефективна продажба и маркетинг стратегија, кои направија од Руен И.Т. моќен регионален производител присутен на динамичните пазари. |