НовостиКаталогСет производиМапа на сајт
Дома
За нас
Историја
Наше мото
Активности
Производи
Продажна мрежа
Човечки ресурси
Набавки
Печат и настани
Контакт
Станете наш официјален дистрибутер
ISO Сертификат
Вработување
Ekipauto
 

Мотото на Руен И.Т.

Наша визија
Земајќи ја во обзир светската автомобилска индустриска реорганизација, Руен И.Т. ги следи светските трендови и се прилагодува на новонастанатите ситуации и предизвици. Денес, производителите во автомобилската индустријата се повеќе се приближуваат кон растечките пазари во таа област. Во исто време, тие имаат потреба да пронајдат поблиски и реактивни добавувачи со пониски цени.
Токму поради тоа Руен И.Т. се стреми да стане регионален партнер на Јужниот Балкан, нудејќи блискост до тие нови пазари. Компанијата континуирано вложува во подобрување на нивото на квалитет, се со цел да понуди одлична реактивност, а во исто време задржувајки ја флексибилноста.

Руен И.Т. постојано се стреми кон можноста да понуди висококвалитетни производи со конкурентни цени земајќи ја во предвид конкуренцијата во Источните земји.

Наша стратегија
Се со цел да стане моќен регионален лидер и да воспостави респектабилно присуство на потенцијалните растечки пазари, Руен И.Т. вложува напори:
- Да понуди адекватни и селективни производи за различните региони вклучувајќи го и развојот на нови производи;
- Да развие цврста продажна мрежа на Балканскиот регион со модерна, проактивна и реактивна организација;
- Да создаде цврсто партнерство со автомобилската индустрија од Јужно-Европскиот регион;
- Да ја зголеми и прошири продажбата кон Средниот исток, Африка и Јужна Америка.
Наш договор
Највпечатлива особина на Руен И.Т. е континуираната надградба на веќе стекнатата пракса на фабриката и инвестициите во иновативните технологии. Од самото рестартирање на оваа компанија, без издвоени најглавните приоритети како неопходни за постигнување на највисоко ниво на продуктивност:
  • Квалитет –применување на меѓународните норми за квалитет според ISO кои и помагаат на компанијата да ги прошири границите на конвенционалниот бизнис и да усвои нов контекст во работењето: постојана грижа за купувачите, добавувачите и вработените и создавање на нов производ како крајна цел.
  • Конкурентни цени – прифатливи и разумни цени во согласност со домашниот пазар, Европскиор пазар и конкуренцијата на источните земји, со постојан стремеж кон адаптација на цените и дефинирање на соодветни цени за глобалниот пазар.
  • Флексибилност на испораките – доверливост во однос на испораките кон различни купувачи и пазари, со цел да ги исполни и надмине очекуваните потреби на клиентот.
Основното мото на Руен И.Т. е охрабрено и поддржано во исто време од двете суштествени цели на компанијата:
  • Развивање на нови производи се со цел проширување на асортиманот на производи и овозможување на широка палета на производи за крајните купувачи.
  • Адаптација кон промените и потребите на современите купувачи и пазари.

 

 

mak version
english version
      
www.ruen.com.mk Google
Нови производи
Фото галерија

 
© Ruen I.T. 2007